Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Два „ер трактори“ се враќаат во мај, државата со засилени капацитети во борба со пожарите

Два-ер трактори во моментов се сервисираат во Загреб и се очекува кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два-ер трактори во моментов се сервисираат во Загреб и се очекува кон средината на мај бидат вратени во Македонија и целосно подготвени за сезоната на пожари. Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов нема дилема дека институциите ги научиле лекциите од минатото и дека годинава влегуваат далеку поподготвени од кога било претходно во очекуваната битка со огнените стихии.

Во моментов државата на располагање има околу 800 пожарникари и само еден функционален авион – ер трактор. Од земја пак огнот ќе се гаси со помош на 43-те специјални воени и полициски возила кои владата ги пренамени минатата година и ги стави во функција за зашита од пожари. Во моментов тие се наоѓаат во Кавадарци и ќе бидат активирани во првиот момент кога за тоа ќе се појави потреба.

„Во овој момент дирекцијата има пет пилоти на ер-трактори, кои се подготвени за дејство во пресрет на сезоната за шумски пожари. Трите ер-трактори во текот на мај ќе бидат вратени од сервис. Во овој момент едниот е функционален, е во државата, останатите два се на сервис во Загреб“, изјави Стојанче Ангелов, директор на дирекцијата за заштита и спасување.

Реклама

Сувоста на вегетацијата и временските неприлики и годинава се очекува да претставуваат сериозен ризик за појава на шумските пожари. Надлежните очекуваат најпогодени да бидат источните и југоистоните делови од државава, а особено ранливи и подложни на пожари се очекува да бидат и Охридско-струшкиот и преспанскиот регион. За таа цел беше организиран проект од Европската унија, кој  има за цел да ги зајакне капацитетите за справување со шумските пожари, прекуграничната соработка и подобрување на оперативната подготвеност.

„Во овој проект се вклучени повеќе соседни држави. Грција, Албанија, Црна Гора, иако Црна Гора не е соседна држава, но, таа е во соседството. Со неа си помагаме во текот на летото. Исто така Австрија како на ЕУ, Бугарија како членка на ЕУ и Кипар“, изјави Стојанче Ангелов – директор на дирекцијата за заштита и спасување.

„Тоа ќе се реализира како што кажа директорот во регионот на Струга и Охрид и таму бидејќи имаме од стратешки карактер, интерес, двата национални паркови, Галичица од албанскиот дел Јабланица, која што фактички претсавува големо богатство во делот на животната средина“, изјави, Севгание Ибрахими – раководител на одделение во агенцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување во моментов располага со 8 специјализирани тимови кои се распоредени на целата територија на Македонија. 2021 година беше една од најлошите за земјава, кога изгореа над 11.000 хектари во периодот од јуни до септември. Тогаш беа регистрирани 142 шумски пожари, а штетата беше проценета над 2,3 милијарди денари.