Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

И со новинарството се претера: „Нападот“ врз министерката Јаневска обид за меѓунационален инцидент

Обид за правење циркуз и естрада, на целосно недоличен и некултурен начин.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обид за правење циркуз и естрада, на целосно недоличен и некултурен начин. Јасен обид за политичка провокација и разгорување меѓуетнички тензии, со користење уличарски речник. Однесувањето на новинар од Тетово кон министерката за образование Весна Јаневска, предизвика бура реакции, не само поради фактот што македонскиот јазик е официјален во државава, туку пред се поради начинот на кој новинарот се обрати кон министерката, користејќи прво лице еднина и зборот „ти“.

Според медиумските познавачи тоа е целосно недолично и неприкладно, бидејќи пред се станува збор за обраќање кон повозрасно лице, доктор, универзитетски професор и актуелен носител на јавна функција. Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа ситуација, велејќи дека ако некој одлучил да се прави циркузант, подобро е да се премолчи.

-Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Затоа што ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите може да го видат и да го слушнат, така што подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада, изјави Мицкоски.

Реклама

За ваквото однесување на новинарот Невриј Адеми, гласно реагираше и дел од фелата, бараат за недоличното однесување со осуда и реакција да излезат и новинарските здруженија. Новинарот Александар Методијев, вели дека коректно е медиумските организации да реагираат, како што оправдано реагираат на однесување на институции и поединци кон новинарите

-На што личи обраќање на ТИ кон повозрасно лице или лице на функција? Тоа што не се согласувате со нечија политика може да го манифестирате дома, во приватен живот и зад гласачки параван. Никако во медиумскиот простор. Тоа што некој земал микрофон, а се однесува без основна култура и со некаква политичка агенда, не значи дека е новинар, туку значи дека е активист. „Ти рековме да си земеш преведувач“ – кои сте тоа Вие што сте рекле и како случајно минатиот пат во исто време спуштивте микрофони?, прашува Методијев.

Реагираше и новинарката и фоторепортерка Арбнора Мемети.

-Ова однесување „ти кажавме“ најмалку наликува на некој што себеси се нарекува новинар. Новинарството не е нешто локално и не може да се извршува само во маало. Сакал некој или не, македонскиот јазик е повеќе од неопходен за вршење на оваа професија, напиша Мемети.

Инаку, ова не прв пат истиот новинар да се обидува да провоцира на истата тема. При претходната посета на Јаневска на Тетово, пред еден месец, ја праша зошто не земала преведувач да преведува од македонски на албански јазик.

Матеја Петровски