Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Основната камата останува иста, денарот стабилен, државата има доволно девизни резерви

Народната банка ја задржа основната камата на 4%. Гувернерот Трајко Славески информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка ја задржа основната камата на 4%. Гувернерот Трајко Славески информира дека и покрај намалувањето на инфлацијата, кризата на Блискиот Исток ги сопре плановите за олабавување на монетарната политика. Славески вели дека будно се следи состојбата и се анализираат механизмите кои можат да се активираат за борба против инфлацијата. Според него, шокот е поголем од оној во 2022-рата година и Македонија не може да остане изолирана. Вели дека лекциите од минатото биле научени и надлежните ќе се трудат македонската економија да помине без големи последици.

„НБМ е подготвена да одговори со сите возможни механизми на предизвиците. Ваквите кризи, енергетските шокови се тешка задача за носителите на економските политики. Шокот може само делумно да се апсорбира“ – вели Славески.

Македонија влезе во глобалната нестабилност со добри перформанси во банкарскиот сектор. Нивото на девизни резерви е стабилно и за 70% поголемо од она во предпандемичниот период. Освен тоа, отпорноста на банкарскиот сектор била зголемена, со високо ниво на адекватност на капиталот од 19,4% и ниско учество на нефункционалните кредити од 2,8%. Сепак, ако кризата продолжи, проекциите за инфлација и економски раст ќе бидат ревидирани.

Реклама

„Народната банка располага со девизни резерви кои се за околу 70 проценти повисоки од пред пандемијата, односно околу 5,5 милијарди евра што е значајно за стабилноста на девизниот курс. Имавме мала конверзија на денарски депозити во странска валута во првата недела по конфликтот, но тоа веќе се нормализираше. Депозитите се стабилни, па дури и растат. Можно е зголемената цена на нафтата да се одрази врз трговското салдо и потребата од финансирање преку девизните резерви“, рече Славески.

Министерката за финансии вели дека буџетот се полни согласно предвиденото. Приходите до 19-ти март биле поголеми за 12,4%. Од нив, од даноци се собрале за 14,5% повеќе отколку истиот период лани. Димитриеска Кочоска вели дека сепак, обврските за враќање на 8 милијарди евра од претходната влада во следните 4 години притискаат врз буџетот.

„1% каматни трошоци сме имале во 2022 година, сега имаме 2%. Тоа се повеќе 160 милиони евра. Сега замислете овие 160 милиони евра да ги имаме денес какошто ги имало во 2022 и да можете да реагирате“ – вели Димитриеска Кочоска.

ММФ и ЕЦБ сугерираат владите да носат краткорочни и таргетирани мерки, главно за помош на граѓаните и секторот на превозници. Министерката за финансии вели дека токму тоа и се прави, односно се стартуваше со намалување на ДДВ кај горивата. Алармира дека несоодветни мерки можат дури и да ја покренат инфлацијата нагоре.