Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Уставна жалба е потребна, но чувствителна е темата за отворање на Уставот

Уставна жалба е неопходна, но за да можат граѓаните да се пожалат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставна жалба е неопходна, но за да можат граѓаните да се пожалат до Уставниот суд за кршење на нивните права, неопходна е промена на Уставот. Со оглед на тоа што отварање на највисокиот правен акт  за нас е чуствителна тема, тоа нема да се случи се додека не се создадат услови. Ова е заклучокот од средбата на премиерот Мицкоски и претседателот на Уставниот суд, Костадиновски.

„Промена на Устав е политичка тема. Која што во случајов вклучува правна тема, односно потребата да конечно Уставниот суд некако добие своја тежина во самиот Устав, замислете Уставен суд нема своја тежина во самиот Устав. Од првиот момент на осамостојување до денес ова се провлекува. И сега ние сме дојдени до ситуација кога тоа што претставува товар на минатото треба да го решаваме и ќе го решиме кога ќе се создадат политички услови. Сега во моментот такви политички услови не се создадени. Еве да бидам попрецизен.

Уставниот суд во моментов нема надлежност директно да одлучува по жалби на граѓани за повреда на нивните права. Со уставни измени тоа би се овозможило, а Костадиновски посочува дека  потребен е и посебен закон што ќе ја уреди постапката, кој треба да се донесе со двотретинско мнозинство за да се гарантира независноста на судот.

Реклама

„За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло што нема закон за уставен суд. Значи, шест уставни одредби и акт на судот. Толку. Правната рамка е таа. Неопходно е тие шест уставни одредби да се операционализираат со закон, но не било каков закон. Двотретински закон за да ја гарантира самостојноста и независноста, но и за тоа е потребна уставна измена. Значи, и за закон треба уставен основ за таков закон, што ќе се носи со двотретинско мнозинство, и за воведување на уставната тужба потребни се уставни измени, но, како што кажа и претседателот на владата, кај нас отварањето на уставот е секогаш чувствително прашање и тема, и затоа конечниот заклучок, барем според мене, е дека кога ќе се создадат услови, тогаш и ќе пристапиме кон таква институционална реформа.

Двајцата се согласни дека е потребна реформа на Уставниот суд и неговото работење да се регулира со посебен закон како во европските земји.

На тркалзената маса во Уставниот суд за потребата на воведувањето на уставната тужба, се обратија и амбасадорот на ЕУ Македонија Михалис Рокас и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал. И двајцата ја истакнаа потребата од воведувањето на уставната жалба во правниот систем и посочија на можноста да се искористи модел од земјите на ЕУ.