Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Пожар во модуларна болница, сомнителни набавки на вакцини, изборен поткуп – Мицкоски за критиките од СДСМ

Трагедијата во модуларната болница каде луѓе изгореа живи, молење по комшии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во модуларната болница каде луѓе изгореа живи, молење по комшии за вакцини, набавка на истите од сомнителни фирми од Хонг Конг кои се занимаваат со увоз на јужно овошје, поткуп – вака СДСМ, која сега критикува, се справуваше со ковид кризата. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека јавноста имала шанса на своја кожа да осети како социјал-демократите се справувале во кризните состојби додека биле на власт.

Заборави да ја спомне мерката неколку десетици милиони евра уплатени на компанија од Хонг Конг, која што наместо специјализирана за набавка на вакцини, е специјализирана за трговија со јужно овошје.

Заборави да каже за бруталниот поткуп на изборите во две илјади и дваесеттата година, кога со уредби со сила на закон се менуваа закони во пет до дванаесет.

Реклама

Мицкоски обвини дека опозицијата селективно ги прикажува мерките од ковид-периодот, избегнувајќи да зборува за, како што рече, најтешките последици и спорните одлуки од тоа време.

Но граѓаните гледаат. Тие повторно ги навредуваат граѓаните и мислат дека политиките на СДСМ и ДУИ од минатото може да ги споредуваат со политиките од оваа Влада, а граѓаните тоа го гледаат. И, впрочем, тоа го кажаа и на претходните локални избори, а ќе го кажат и тоа на следните парламентарни избори.

Инаку, лидерот на СДСМ, Филипче, оцени дека мерката за намалување на ДДВ за горивата е задоцнета и недоволна, тврдејќи дека граѓаните нема да почувствуваат реално намалување на цените. Според него, Владата три недели не реагирала навреме, дозволувајќи, како што рече, растот на цените на горивата да повлече поскапувања и кај храната.