Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Николоски: Работиме на зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите

За година и половина имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За година и половина имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми, а Скопскиот аеродром е со најголем процент на раст во регионот. Следува зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите – изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-До денес имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми. Ги има од „Визер“, но ги има и други компании. Пред неколку дена ги објавивме новите поврзувања со Братислава и Милано, веќе следно ќе имаме поврзување Охрид – Виена, кој што ќе е со „Аустриан Ерлајнс”, така што различни компании отвараат различни дестинации, рече Николоски.

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Реклама

-Уште сега постојат услови да се отворат уште шест шалтери на постојниот терминал на скопскиот аеродром, а за брзо време ќе започнеме и целосна реконструкција на Охридскиот аеродром, кој што треба во помала варијанта да заличи на Скопскиот, една модерна терминална зграда која што ќе се изгради таму, најави министерот за транспорт, Николоски.  

Во однос на странските инвестиции тој кажа дека целта е да ги задржиме странските инвестиции на сегашното ниво и да го отвориме патот на истражувачки центри кои ќе отвараат високоплатени работни места.

– Мислам дека ние ќе ги стабилизираме странските инвестиции на ова ниво, од неколку причини. Првата причина е, за кој било инвеститор да инвестира надвор од сопствената држава, треба сопствената држава да има раст. ЕУ од каде што доаѓаат најголем број од инвестициите, заради војната во Украина, веќе години наназад има рецесија, и компаниите главно се затвораат внатре. Второ, автомобилската индустрија, која што е главен двигател на инвестициите во Македонија, во ЕУ е во криза. И третиот фактор е, во 2006 година, кога ние ја почнавме политиката на странски директни инвестиции, невработеноста беше речиси 40 проценти. Денес, скоро и да нема невработен во државата, и нормално е дека апетитот за инвестирање не може да е ист. Сега наша задача е да ги одржуваме и да носиме инвеститори кои што ќе отвараат истражувачки центри, и кои што ќе даваат добро платени работни места. Тоа е следната фаза кон која се стремиме – истакна, меѓудругото, вицепремиерот Николоски.