Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека до Основниот кривичен суд Скопје е побарано определување на мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство осомничен за примање поткуп. 

Како што се посочува во соопштението од ОЈО ГОКК, како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција што вчеравечер под координација на јавен обвинител од ОЈО ГОКК ја спроведе Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, денеска е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице. Врз основа на досега обезбедените докази и поднесената кривична пријава на лицето му се става на товар дека сторило кривично дело „Примање поткуп“.

Осомничениот, во период од 5-ти овој месец до вчера, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да „изврши службено дејствие што би морало да го изврши“ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање на поткуп, објаснуваат од ОЈО ГОКК. 

Реклама

– На 13 март година бил одобрен влез за стоката на друг граничен премин, а осомничениот на средба со шпедитерот и оштетениот увозник директно побарал поткуп за одобрениот увоз и за идните увози, при што побарал првата рата од 50.000 евра да му биде дадена до вчера, а останатите две рати во деновите што следат. Откако оштетениот ги предал парите на шпедитерот кој требало да биде посредник при исплата на ратите, шпедитерот вчеравечер се сретнал со осомничениот и извршиле примопредавање на паричните средства, по што осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници, наведуваат од Обвинителството. 

Сознанијата со кои располага Обвинителството и досега обезбедените докази, како што се посочува, укажуваат на околности дека е оправдан предлогот што јавниот обвинител го достави до Основниот кривичен суд Скопје за определување на мерка притвор за осомничениот.