Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Мицкоски на маса со европските лидери: Доказ дека цврсто остануваме на европската патека, но и дека оптиката на Европа е насочена кон Македонија

Македонија останува цвство на европската патека, но и оптиката на Европа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува цвство на европската патека, но и оптиката на Европа е насочена кон државава. Тоа го покажува присуството на премиерот Христијан Мицкоски на 50 годишнината од формирањето на најмоќното и најголемо европско политичко семејство, Европската народна партија, каде во Брисел на заедничка маса седна со лидерите на европската десница.

Според познавачите, иако во одредени случаи имаме несогласувања со челниците во Брисел, сепак напредокот во евроинтеграциите е многу важен. Политичкиот аналитичар Раби Седрак за Алфа вели дека иако Унијата често знаела да биде нефер кон Македонија, сепак останува единствено и најдобро решение за државава.

-Приближувањето наше до Европа, присуството наше со нив во Европа, ова е доказател и покажува дека ние стоиме на иста страна. Покажува дека иако имаме ние стратешко партнерство со САД, имаме исто со Англија, но на крај нашиот приоритет е  националните интереси на Македонија, националните интереси на граѓаните, што се вклопува во Европската Унија и на патот кон европската интеграција, изјави Седрак.

Реклама

Засилувањето на партнерството со другите европски држави е особено важно во период на актуелните геополитички случувања, односно воените конфликти во Иран и Украина. Според Седрак, заедничкото и партнерско делување со другите еворпски лидери, ќе доведе до многу полесно справување со евентуални кризи кои би следувале.

-Цела Европа не беше спремна, ниту целата НАТО Алијанса не беше спремна. И фактот дека сите сме на истиот брод, ова е мотив и ова повеќе ни дава мотив и ни дава надеж, да бидеме сите на иста страна за да можеме да се бориме и да се конфронтираме со овие предизвици кои што веќе ги имаме. Прво ќе почнеме со некоја енергетска криза ако ова трае повеќе, ние ќе можеме да имаме голем проблем со енергија, изјави Седрак.

Мицкоски порача дека ваквите форуми се од голема важност за Македонија, за размена на ставови и и зајакнување на партнерстава. Според него на самитот се покажала силна енергија, визија и заедништво кои ја потврдуваат улогата на Европската народна партија, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ, како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста.

Матеја Петровски