Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за една од националните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за една од националните телевизии истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции, но приоритет останува одржување на фискалната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на задржување на буџетскиот дефицит во рамки на планираното, а средствата ќе се насочуваат кон клучните приоритети – редовна исплата на плати, пензии и социјална помош.

„Но она што е фокус на Министерството за финансии е борбата да го одржиме буџетскиот дефицит толку колку што ни беше проектиран за оваа година. Секако во рамките на тоа да се испроектираат одредени заштеди таму каде што имаме простор и да се дадат таму каде што е приоритетно. Но морам да потенцирам дека секогаш приоритет ќе биде да се исплатат на време на платите, пензиите, социјалната помош, се она кое што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните“, истакна министерката.

Реклама

Владата внимателно ги следи состојбите и ќе носи одлуки согласно развојот на кризата.

Министерката потенцираше дека неизвесноста околу времетраењето на кризата претставува клучен предизвик, со оглед дека сличен пристап имаат и другите влади, кои исто така постапуваат внимателно и условно.

„Факт е дека оваа година треба да сервисираме обврски од над две милијарди евра и тоа е нешто што мора да се направи навреме. Како и секое домаќинство, кога земате кредит – без разлика дали е станбен или потрошувачки – мора да го вратите. Доколку тоа не се направи, се нарушува кредитниот рејтинг и финансиската стабилност, и затоа воопшто не станува збор за опција да не се сервисираат обврските” кажа министерката.

Во таа насока, беше истакнато дека дел од средствата се обезбедуваат преку рефинансирање, при што оваа година е направен стратешки избор поголем дел од задолжувањето да биде од странство, со цел да се остави поголем простор домашните банки да го кредитираат стопанството.

Министерката додаде дека ваквиот пристап е дел од претходно планираните буџетски проекции и се покажува како оправдан во услови на засилени глобални ризици.

На крајот, таа порача дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските текови и ќе носи одлуки кои ќе обезбедат стабилност на економијата и заштита на граѓаните