Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Превенција и современа терапија – клуч за намалување на дијабетесот

Дијабетесот не е само дијагноза – тоа е секојдневна борба. Секое утро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијабетесот не е само дијагноза – тоа е секојдневна борба. Секое утро започнува со прашање дали денот ќе биде стабилен или исполнет со неизвесност? Иванка Караѓозова Трчкова, која 30 години живее со дијабетес тип 1, вели дека живототт со оваа болест е сериозен предизвик. Пациентите и натаму се соочуваат со недостиг од сензори, ленти, глукомери. Дополнително,често недостига и антидијабетна терапија. Според пациентите, проблемот не е поединечен туку системски.

Во глобала со баланс меѓу секојдневните обврски кои треба да ги вклопиме заедно со регулацијата на шеќерот и дијабетот” рече Караѓозова Трчкова, пациентка.

Од Здружението на дијабетичари порачуваат дека се потребни коренити промени во здравството. Бараат итни и долгорочни решенија.

Реклама

Според лекарите кои работат со дијабетичари, велат дека освен што е важна терапијата многу поважен за овие пацинети е начинот на живот.

“Идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана” вели д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“.

Главната порака на нашиот прирачник е дека здравата исхрана не е ограничување, туку можност и здрава исхрана му е потребна на секој здрав човек”, изјави д-р Цветанка Волкановска Илиевска, од Клинката за ендокринологија. 

Во Македонија има околу 120 илјади пациенти со дијабетес, од нив 44 илјади примаат терапија. Лекарите предупредуваат дека е неопходно спроведување на современи превентивни програми, обезбедување на иновативна инсулинска и антидијабетна терапија со цел да се стабилизира бројката на ново заболени но и на оние кои живеат со оваа дијагноза.