Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Димитриеска-Кочоска: Губитниците од 2024 година даваат лекции, СДСM без кредибилитет нуди популизам

„Во однос на оние предлози кои ги дава опозицијата не би сакала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во однос на оние предлози кои ги дава опозицијата не би сакала да зборувам затоа што имавме избори пред повеќе од година и пол и повеќе од јасно е гласачите на кого ја дадоа довербата. Ако тие беа добри и дадоа добри мерки во 2022 година, најверојатно во 2024 година ќе беа победници, а не губитници, така што не би сакала да дискутирам во однос на нивните предлози“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вчерашното гостување на една национална телевизија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката воедно посочи дека во 2022 година, истата таа опозиција, а тогашна власт, создаде инфлација на храна во државата од над 20%, а за одредени производи дури и над 30%.

“Имаме средби со трговците, при кои ни беше констатирано дека до овој момент немаме посериозни притисоци за промена на крајните цени. Дали ќе реагираме? Кажавме ќе реагираме. Колку ќе реагираме? Ќе реагираме соодветно во ситуациите како ќе се менуваат состојбите. Но од напред да приодицирам или да кажувам или да споредуваме пак состојбите не се споредливи, затоа што денес имаме инфлација која што е под 5%, кога станува збор за храна“, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Реклама

Министерката потврди дека Владата будно ја следи состојбата и многу јасно е предвидено што Министерството за финансии и другите институции можат да превземат во поглед на мерките, во какви услови, со цел заштита на стандардот на граѓаните и заштита на економијата.

“Не знам како опозицијата бара минус 4 денари да се намали акцизата, кога тие истите во самите закони напишале дека цената на акцизата може да се намали за 4 денари доколку прво имаме кризни и вонредни состојби и доколку цената на нафта по тон, значи не по барел, по тон е повеќе од 1200 долари. Во овој момент се уште цената не е таква. Во законите точно се си има пропишано, ги следиме и ќе одговориме соодветно, согласно тоа како ќе движи цената на нафта“, изјави Димитриеска Кочоска.