Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

УЈП пред ММФ: Растот на приходите е резултат на системски мерки

Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4.

Како што информира УЈП, состанокот помина во транспарентна и конструктивна атмосфера, со аналитички преглед на факторите кои влијаат на наплатата на приходите, вклучувајќи го влијанието на сеопфатните мерки на УЈП, покрај движењата во економијата и деловната активност на компаниите.

Управата за јавни приходи ги презентираше клучните мерки, резултати и приоритети за понатамошно јакнење на наплатата и даночната усогласеност.

Реклама

-Пристапот на УЈП е јасен и конзистентен: управување со ризик, зајакнување на даночната усогласеност, таргетирани контроли и системска борба за сузбивање на неформалната економија и даночната евазија. Институционалното јакнење продолжува преку инвестиции во човечкиот капитал со техничка поддршка на меѓународните партнери. Се спроведуваат проекти за поедноставни процедури, поефикасни услуги и ефективна наплата на заостанатите долгови. е-Фактурата и реформата е-УЈП се клучни столбови на модернизацијата и дигиталната трансформација. Состанокот заврши со заклучок дека системскиот пристап во јакнење на даночната култура и дисциплина и континуираните реформи се основа за одржлив раст на приходите, наведува УЈП.