Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Амандманска расправа по предлог-законот за Jавното обвинителство

Во рамките на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе се одржи амандманска расправа по предлог-законот за Jавното обвинителство, во второ читање.

За предлог-законот за Jавното обвинителство се поднесени 27 амандмани од пратеничките групи, а според најавите, ќе има и комисиски амандмани.

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Љупчо Пренџов, вчера на прес-конференција информира дека 13 амандмани се поднесени од ДУИ, 10 од СДСМ и 4 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пренџов нагласи дека со предлог-законот за Јавното обвинителство се доближуваме чекор поблиску до остварување на реформската агенда и до Европската Унија.

Реклама

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност.

Меѓу клучните новини се поефикасен систем за оценување, прецизирани критериуми за професионалност, подобрено управување со предметите и подетализирана дисциплинска постапка со јасни рокови и механизми за спречување злоупотреби.

Законот ги зголемува и стандардите за транспарентност при изборот на јавниот обвинител преку јавни седници на Советот на јавните обвинители, јавно презентирање на програмите на кандидатите и објавување на нивните биографии.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека со ова законско решение се отстрануваат долгогодишни слабости во системот, како недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување и бавни истражни постапки.

– Зошто беше потребна оваа реформа? Затоа што со години се наталожуваа слабости, недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување, недоверба во дисциплинските механизми, бавни истраги и сомнежи на влијање. Во процесот на изготвување на законот беа оддржани дебати со поддршка на ЕУ, консултации со стручната и општата јавност преку ЕНЕР-платформата, како и усогласување со мислењата на сите релевантни институции – рече министерот.

Тој посочи дека во подготовката на законот биле вклучени препораките од ГРЕКО, Венециската комисија, Европската комисија, како и насоките од реформската агенда и патоказот за владеење на правото. Според него, донесувањето на овој предлог-закон е од круцијално значење за исполнување два чекора од реформската агенда во областа на владење на правото.

– Со новиот закон воведуваме јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите. Предлог-законот воведува поефикасен систем на оценување, при што редовното оценување ќе се врши на секои три години наместо досегашните четири. Значајна новина во зајакнувањето на транспарентност во постапката за избор на јавен обвинител на Македонија се воведува појасна, пообјективна и поефикасна дисциплинска постапка – нагласи тој.