Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Од општина Босилово вечерва почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од општина Босилово вечерва почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Во рамки на кампањата, како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја една општина.

Реклама

-Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици, да слушнеме забелешка, критика, пофалба. Сакаме да бидеме потојано меѓу земјоделците зашто таму се пробпемите и решенијата, затоа и таа комуникација е многу важна, истакна Трипуновски во обраќањето.

Тој уште еднаш нагласи дека за Владата секој земјоделец е важен.

-Како Министерство, продолжуваме да ги спроведуваме политиките и во комуникација сме со секој  земјоделец. Владата посветува внимание на секој еден земјоделец кој произведува, зашто секој земјоделец е важен, потенцира Трипуновски.

Министерот порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина, со силно земјоделство.

-Во Босилово, согласно Фарм регистарот, има над 1 600 земјоделски стопанства и околу 10 000 хектари обработливо земјиште, од кои 2 000 се во државна, а 8 000 хектари во приватна сопственост, рече Трипуновски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: