Реклама
Прилози

„Севернокорејска“ СДСМ: Венко Филипче се става во улога на Ким Џонг Ун, секоја критика за лидерот значи црвен картон

Во СДСМ севернокорјески модел, Венко Филипче се става во улога на Ким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СДСМ севернокорјески модел, Венко Филипче се става во улога на Ким Џонг Ун. Секоја критика за партискиот лидер значи црвен картон и исклучување од партијата. Ваквите потези сигурно ќе предизвикаат големо незадоволство кај членството и симпатизерите, сметаат дел од видните партиски членови.

Поранешниот директор на Македонија пат и кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ на последните локални избори, Костадин Ацевски, за Алфа вели дека ваквите потези на партиските органи, може кај било кој член да предизвикаат чувство дека секоја критичка мисла изнесена во јавност, ќе биде дочекана на нож. 

-Пораката што се испраќа е многу погрешна, ако од една страна велиме дека местото на дебатата и на инзнесување на забелешките е внатре во партијата, а од друга страна секоја забелешка без разлика нема што да криеме дали е тоа кажабно јавно или внатрепартиски, ако секоја забелешка предизвикува иницира одма реакции и тоа со вакви тешки санкции, мислам дека е непримерно. СДСМ јас не знам до сега еднаш или два пати дали исклучила некој член, во исклучителни ситуации, изјави Ацевски.

Реклама

Покрај Петре Шилегов, Филипче и неговите најблиски соработници претходно иницираа исклучување од партијата и на Јован Деспотовски, поради критики за работата на партиското раководство. Ацевски вели дека во моменти кога се вели дека потребен е широк опозициски фронт, да се исклучуваат членови испраќа лоша порака во јавноста.

-Ваквите потези не се во добра насока и не и наликуваат на една партија како што е СДСМ. Во моментов на СДСМ му треба едно обединување и тоа обединување околу концепт, околу платформа за опозициско делување, не обединување околу личности. И нормално главната одговорност околу тоа обединување е кај претседателот на партијата кој треба да покаже лидерство во овој момент и да изгради доверба во органите на партијата, а па и во него како претседател, изјави Ацевски.

За најновите случувања во СДСМ, на социјалните мрежи реагираше и Јани Макрадули. Вели дека сега најмалку се потребни поделби, туку треба да се оди по секој глас повеќе.

-Бидејќи грижата за СДСМ не е молк, најмалку е калкулација, или пак чекање на разврска за некакви места на листи. Вистинската грижа зборува со емоција од срцето, но водена и следена од разумна политика, напиша Макрадули.

Покрај Шилегов и Деспотовски, кои добија шут карта, СДСМ во лични пресметки влезе и со уште неколку поранешни високи функционери. А последниов последниов период секојдневно влегуваат во пресметки и со медиуми и новинари.

Матеја Петровски