Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Литар гориво со различни цени на пумпите, трговците се опаметија и решија да бидат општествено одговорни

Еден литар гориво со различна цена на бензинските пумпи. Откако најголемиот снабдувач…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден литар гориво со различна цена на бензинските пумпи. Откако најголемиот снабдувач ОКТА определи попуст за трговците на мало, се разгоре конкуренцијата. Ако Регулаторната комисија за енергетика определи цена на дизелот од 92 денари, денеска на некои бензински станици, тој се продава и по 89 денари или 3 денари помалку. Тоа значи дека некои трговци со нафтени деривати се опаметија и решија да бидат општествено одговорни. Не само што го вкалкулираа попустот од 2 денари на ОКТА, туку и си ја намалија маржата за продажба на деривати. На некои бензински, меѓу кои и на најголемиот дистрибутер Макпетрол дизелот и бензините се продаваат два денари поевтино. Вчера Макпетрол не реагираше веднаш, објаснувајќи дека од ОКТА им пратиле фактури по стари повисоки цени. Од ОКТА, пак, одговорија дека тоа не е точно и дека сепак секој трговец може самостојно да ги формира цените.

И министерката за енергетика Сања Божиновска им порача на бензинските пумпи дека имаат големи профити и дека во вакви кризи треба да работат со минимум добивка.

Транспортерите засега не ги покачуваат цените. Велат пробуваат да балансираат додека можат. Бизнисмените, пак, алармираат дека доколку кризата продолжи, поскапувањата ќе станат неизбежни. Дел од граѓаните се жалат дека во некои маркети забележале зголемување на цените. Први на удар се маслото за јадење, јајцата, сувомеснатите производи. Од Владата рекоа дека будно ја следат состојбата и дека по потреба ќе интервенираат кај ДДВ и акцизите.

Реклама

Државите веќе се активираат. Од почетокот на тензиите и конфликтите на Блискиот Исток, Меѓународната агенција за енергетика во која членуваат 31 земја  минатата недела објави дека ќе ослободи 400 милиони барели нафта на пазарот.

„Оваа брза акција на Меѓународната агенција за енергетика има импакт врз пазарите. Цените се значително пониски отколку пред една недела. Ова не е долгорочно решение, нокога ќе се додадат државните и индустриските резерви, сè уште ќе има повеќе од 1,4 милијарди барели, а можеме да направиме и повеќе, подоцна, доколку е потребно“ – вели Фатих Бирол – претседател на Меѓународна агенција за енергетика.

Неколку земји веќе пуштија дел од резервите на пазарот. Од своето основање во 1974 година, МАЕ ослободила нафтени резерви само 5 пати: за време на Заливската војна, ураганите „Катрина“ и „Рита“, граѓанската војна во Либија во 2011 година, како и двапати во 2022 година по стартот на војната во Украина. И покрај напорите, цената на брент нафтата денеска достигна 105,5 долари по барел, што претставува минимален пораст споредено со понеделникот кога цените кај нас се зголемија за 7, односно 6,5 денари по литар.