Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти – објави денеска Државнот завод за статистика. 

Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.

Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите: Производство на метали со 24,4 проценти, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23,3 проценти и Производство на прехранбени производи со 5,6  проценти.

Реклама

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6 проценти, а на странските пазари од 10,6 проценти.