Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Општина Делчево започнува со поставување вендинг-машини за селекција на отпад од пакување

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска го потпиша договорот за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска го потпиша договорот за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК, со што официјално започнува имплементацијата на проектот од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија – фаза 2“.

Со потпишувањето на договорот, Општина Делчево го започнува процесот на поставување вендинг-машини за собирање пластични шишиња и алуминиумски лименки, со цел поттикнување на селекцијата на отпадот и зголемување на стапката на рециклирање.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека станува збор за значаен чекор кон подигнување на еколошката свест кај граѓаните и создавање одржлив систем за управување со отпад.

Реклама

– Ова не е само проект, туку чекор напред кон промена на свеста и навиките. Заедно создаваме систем преку кој граѓаните ќе можат активно да учествуваат во селектирањето и рециклирањето на отпадот, придонесувајќи за почиста и поздрава животна средина. Нашата цел е чиста општина, одговорни граѓани и одржлива иднина – изјави Гоцевски.

Системот предвидува користење на повратни вендинг-машини преку кои корисниците ќе собираат „зелени поени“ преку мобилна апликација. За секое рециклирано пластично шише или лименка се доделува по еден поен со вредност од 0,5 денари, кои подоцна ќе може да се искористат како ваучери за купување производи.

Инаку, Советот на Општина Делчево на последната седница донесе одлука за финансиска поддршка на проектот, при што се одобрени 100.000 денари како донација за ПАКОМАК ДОО Скопје, со цел активно вклучување на општината во реализацијата на оваа иницијатива од јавен интерес.