Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Реконструкцијата на месната заедница во Пинтија во завршна фаза 

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија. Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик.

-Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите на Пинтија, оваа реконструкција значи обезбедување на достоинствени услови за работа и меѓусебна комуникација. Наскоро тие ќе имаат на располагање репрезентативен простор од каде ќе можат директно да ги изразат своите потреби, да покренуваат локални иницијативи и активно да се вклучат во одлуките за својата населба, изјави Стаменкоска Трајкоска. 

Оваа капитална инвестиција, додаде, е обезбедена преку владината програма за општините, финансирана од унгарскиот кредит.

Реклама

-Со нејзината финализација, уште еднаш ја потврдуваме нашата основна заложба – Општина Кисела Вода да се развива подеднакво во секој нејзин дел. Остануваме доследни на дадениот збор, па преку континуирани и добро планирани проекти, продолжуваме одговорно да создаваме реални промени кои гарантираат повисок квалитет на живот за сите наши жители, посочи Стаменкоска Трајкоска.