Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето

Претставниците на Управата за јавни приходи (УЈП) активно учествуваа во европските дебати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставниците на Управата за јавни приходи (УЈП) активно учествуваа во европските дебати за современите даночни системи стекнувајќи искуства и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во изминатите два дена, директорката на УЈП, Елена Петрова, заедно со помошник-директорката Тања Анчевска, учествуваше на даночниот симпозиум на Европската Унија, со наслов „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и раст во глобалната економија“, коорганизиран од Европскиот парламент и Европската комисија.

Симпозиумот, како што посочуваат од УЈП, обедини високи носители на политики и експерти од областа на јавните финансии и оданочувањето – сегашни и поранешни министри за финансии, директори на даночни администрации, генералниот секретар на ОЕЦД, претставници на Европската комисија, како и истакнати академици.

– Во фокусот на дискусиите беа клучни прашања за модернизација на даночните системи, со акцент на рационализација на обврските за даночно известување, поедноставување на правилата и процедурите и зголемување на правната сигурност, со цел намалување на административниот товар во областа на оданочувањето при истовремено обезбедување ефикасна заштита од даночна евазија и избегнување оданочување. Беше нагласено дека глобалниот даночен контекст значително се менува и носи зголемени фискални притисоци под влијание на демографските трендови, зголемените јавни расходи, климатските предизвици, новите технологии, како и глобалните политички предизвици – соопшти УЈП.

Реклама

Во такви услови, се вели во соопштението, даночните политики треба да бидат усогласени со економските цели, да поттикнуваат продуктивни инвестиции и да придонесуваат кон одржлив економски раст.

– Особено внимание беше посветено на глобалниот минимален данок како инструмент за спречување штетна даночна конкуренција и намалување на практиките на префрлање на профитот, со што се зајакнуваат правичноста и стабилноста на даночните системи, а истовремено се намалува притисокот врз јурисдикциите да создаваат даночни поволности, кои чинат јавни приходи. Една од клучните теми беше и намалувањето на ДДВ-јазот, кој на европско ниво изнесува речиси 10 проценти од вкупните обврски. Во таа насока, беше истакната потребата од зајакнување на даночната усогласеност преку дигитализација, но и преку подобра размена на податоци и развој на аналитички капацитети во даночните администрации – посочуваат од УЈП.

Новите иницијативи за стандардизација на податоците, како ВИДА, како што велат, се гледаат како значаен чекор кон поефикасна наплата и заштита на приходите. Современите даночни администрации, додаваат, треба да се развиваат не само како органи за наплата туку и како организации базирани на податоци и аналитика, способни да одговорат на новите економски реалности.

– Во рамките на настанот претставниците на УЈП остварија средби со колеги од повеќе земји, со цел размена на искуства и продлабочување на меѓународната соработка. Учество на вакви настани од висок ранг е од особено значење за Управата за јавни приходи бидејќи овозможува пристап до најновите европски и глобални трендови, размена на добри практики и зајакнување на институционалните капацитети за градење современа, транспарентна и ефикасна даночна администрација – се потенцира во соопштението од УЈП.