Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Изложба „Лазар Соколов – живот и дело“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена вечерва со почеток во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.

Преку богат музејски материјал што содржи фотографии, документи, лични предмети, но и досието водено од Управата за државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија, изложбата го документира животниот пат на македонскиот интелектуалец кој оставил силен белег врз политичките и економско-социјалните прилики во периодот на создавањето на македонската држава.

Експозицијата опфаќа повеќе аспекти од активизмот на Лазар Соколов, како доктор по економски науки образован на Универзитетот во Загреб, учесник во Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945), член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, повереник на народното стопанство и економска обнова, пратеник во Народното собрание на Македонија и плоден научник оставајќи зад себе голем опус од областа на економските науки.

Реклама

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на април.