Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Трипуновски: Земјоделците искористија над 80 проценти од поддршката зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека нафтата претставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека нафтата претставува еден од главните двигатели на земјоделското производство.

– Во делот на земјоделското производство, точно е дека нафтата е еден од главните двигатели на процесот. Но морам да потенцирам дека ние како Влада минатата година согласно годишната програма набавивме една сериозна сума на картички за зелена нафта која за разлика од 2024 година беше зголемена за 100 отсто – нагласи министерот Трипуновски, во гостувањето на една од националните телевизии. 

Трипуновски истакна дека За оваа намена бил склучен договор за над 500 милиони денари со една од компаниите која што снабдува нафтен дериват и картичките се поделени на македонските змејоделци.

Реклама

– Согласно последните податоци кои што ги имаме од Платежната агенција е дека над 80% од оваа зелена нафта која што е поделена е искористена – информира министерот.

Тоа, како што кажа, значи дека најголем дел или над 80 проценти од нафтата е набавена по онаа претходна пониска цена која што беше, затоа што најголемиот дел од земјоделските активности се во текот на есенскиот период.

Во моментов, земјоделските активности се насочени кон пролетната прихрана и заштита на посевите од штетници.