Реклама
Прилози

Цело СДСМ работи за ВМРО-ДПМНЕ- Филипче и Шилегов се обвинија дека одработуваат за власта

Петре Шилегов работи за ВМРО-ДПМНЕ, ама и Венко Филипче работи за ВМРО-ДПМНЕ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петре Шилегов работи за ВМРО-ДПМНЕ, ама и Венко Филипче работи за ВМРО-ДПМНЕ. Во СДСМ кавга во стил на мали дечиња. Првото го тврди партискиот лидер, второто поранешниот скопски градоначалник, за кој сега е иницирано исклучување од партијата. По Јован Деспотовски, Филипче и неговото раководство, повторно сакаат да му дадат шут карта на поранешен виден партиски функционер, кој ја имаше и позицијата потпретседател на социјалдемократите.

Првиот човек на СДСМ го обвини Шилегов дека одработувал за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрепатиска поделба. Вели дека одлуката едногласно ја донел Извршниот одбор, кој тој самиот си го одбра пред неколку месеци.

-Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, поради тоа што и тоа мислење беше сослушано. Тука станува за процес на одбработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата, после сите наши проверки на информации, стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус, никој не гласаше против. Јас нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ понатаму. Оваа партија има легитимно избрано органи и тела, со тоа приказната за Петре Шилегов заврши, изјави Филипче.

Реклама

Шилегов пак со контра обвинување, Филипче држи СДСМ на ова ниво, за да може ВМРО-ДПМНЕ да истера најмалку два мандата. Вели дека бара промена на раководството и лидерот, бидејќи партијата е целосно кадровски истрошена, а не го знаеле ниту статутот.

-Очигледно е дека постои договор, кој што договор предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, да ги промашува упорно темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да истера два мандата, а за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Како може да биде грев да барате оставка од претседател, кој што партијата ја направи да биде петта во Скопје, трета во Куманово, трета во Битола, трета во Велес, трета во Штип, изјави Шилегов.

Иако најави дека ќе откривал детали за користење психотропни супстанции на одредени лица од партијата, како и за пари кои лесно се заработиле изминатиов период, сепак засега не откри детали. Инаку, Шилегов веста дека ќе биде исклучен ја дозна во гостување во емисија во живот, но не сакаше да коментира поради годишнината од големата трагедија во Кочани.

-А ќе имам многу да кажам за психотропните супстанции на одредени лица и парите кои така лесно ги имаат заработено последниов период, кажа вчера Шилегов.

Инаку, во СДСМ по се изгледа не смее да се каже лош збор за раководството, поради тоа што веднаш или ќе бидете исклучени од партијата или ќе бидете торпедирани преку партиски соопштенија. Поради критики кон Филипче и неговите најблиски од паријата „шут“ доби и Јован Деспотовски, кој беше и ривал на актуелниот претседател, на внатрепартиските избори за лидер на СДСМ. Но, тие двајца не се единствени со кои се влезе во лични пресметки, тоа претходно се случи и со уште неколку поранешни високи финкционери. А последниов последниов период секојдневно влегуваат во пресметки и со медиуми и новинари.

Матеја Петровски