Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Исплатени над 280 милиони денари на повеќе од 4.700 корисници на земјоделски субвенции

Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска се исплатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска се исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници на субвенции во рамки на програмите за финансиска поддршка.

Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со јуни за Мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Вкупно 3.746.560 денари се исплатени кон 167 корисници за Мерката 2.6 – дополнителни директни плаќања од подмерката 2.5 за одгледани или заклани говеда во регистриран кланичен капацитет во согласност со програмата за 2024 година, а во рамките на Мерката 2.16 се исплатени 7.968.320 денари за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди, исто така од програмата за 2024 година.

Реклама

– Поддршката на земјоделците продолжува, заедно работиме на стабилен развој на македонското земјоделство – наведува МЗШВ.