Реклама
Економија

Нови директни авиолинии од Охрид до Братислава и Милано

Од денес, 17 март, воспоставена е нова директна авиолинија од Аеродром Св.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денес, 17 март, воспоставена е нова директна авиолинија од Аеродром Св. Апостол Павле Охрид до Братислава, со што граѓаните добиваат уште една можност за побрзо и полесно патување во Европа.

Како што информира министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, од 29 март ќе биде воведена и нова директна линија од Охрид до Милано.

Според него, воспоставувањето на овие авиолинии ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи во Охрид, како и за отворање на нови можности за економски развој на регионот.

Реклама

„Развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации“, истакна Николоски.

Тој додаде дека институциите остануваат силно посветени на натамошно подобрување на авиоповрзаноста, со цел поголема интеграција на државата со европските и светските центри.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: