Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 7 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, 88,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98, 92 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а  89,5 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). 

Се зголемува и  цената на Мазутот М-1 НС, за 4,867 денари и новата цена на килограм изнесува 47,453 денари. 

Реклама

Со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемени во просек за 8,98 проценти во однос на цените што Комисијата ги утврди на  9 март годинава.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 16,964 проценти или за 136,750 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,714 проценти или за 117,500 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 13,059 проценти или за 123,950 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 14,591 проценти или за 72,400 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,2915 ден/$ и е за околу 0,8453 проценти повисок од курсот на доларот (52,8447 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, наведува РКЕ во одлуката.