Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Од дива депонија до заедничка акција – Стопански Двор ја буди еколошката свест

Со ќеси и ракавици на рацете жителите на Стопански Двор покажаа како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со ќеси и ракавици на рацете жителите на Стопански Двор покажаа како љубовта кон природата и околината, треба да започне со промена на свеста на секој граѓанин. Природното богатство, кое  со години се претворало во дива депонија, денес почнува да се преобразува во место што граѓаните сакаат да го зачуваат. Иницијативата „Заедно со комшии“ ја започнува Холанѓанец со македонско потекло, кој пред неколку години се преселил во Македонија и полека неговата приказна ги буди соседите и ги  мотивира да се грижат за нивното живеалиште и да започнат акција за чистење.

„Пред 12 години кога живеев уште во Холандија татко ми беше пред смрт и мајка ми е од Македонија и се заљуби во неа и во земјата. Сакаше за последен пат да се поздрави со македонското сонце. Си реков ако некој странец што е роден во друга земја толку може да ја сака Македонија зошто ние да не се трудиме и да ја напправиме квалитетна земјата за живеење. И искрено пред 5 години дојдов, се заљубив и сеуште сум заљубен во оваа земја.“– вели Алекс Долстра од иницијативата „Заедно со комшии“.

Жителите на Стопански Двор велат дека проблемот со дивото фрлање отпад со години се повторувал, најчесто од луѓе кои доаѓаат од други населби или од сопствениците на викендиците. Но сепак, во сорабоотка со општината тие целат кон системско решение за овој проблем да не се повтори.

Реклама

„Сакаме во соработка со општината да поставиме камери и да се фаќаат тие што фрлаат и да се казнуваат, да функционира како сејф сити. Без општината ништо од ова што правевме немаше да го постигнеме. Градоначалникот ни прати екипа од Комунална хигиена и без нив ова не можеше да се собира. Ова треба да се одржува секој ден“.– вели Алекс.

Една иницијатива, неколку луѓе и желба за подобра средина се покажале доволни за да се разбуди свеста кај целото маало. Жителите со порака до сите граѓани- најдете иницијатор и почнете да земате одговорност само за вашата улица. А кога на тоа ќе се придружат соседите и институциите, за многу кратко Македонија ќе стане најубава земја за живеење од цел Балкан.