Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Обвинение за сопругот насилник по трагедијата во скопски Карпош

Десет дена по трагедијата во Карпош, во која животот го загуби Ивана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет дена по трагедијата во Карпош, во која животот го загуби Ивана Јовановска и нејзината малолетна ќерка, Обвинителството поднесе обвинение против нејзиниот сопруг за три кривични дела: телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Според обвинението, трагедијата не била изолиран чин, туку крај на подолг период на насилство, закани и целосна психичка исцрпеност.

Изнесувајќи детали кои му претходеле на трагичниот настан од 2 март, од Обвинителството наведуваат дека истиот ден обвинетиот на повеќе локации во Скопје телесно ја повредил својата сопруга. Ивана побарала сама да се качи во станот со ќерката за да се спакува и да замине, но тој инсистирал да оди со неа и продолжил со заканите. Свeдок го оттурнал и го извел пред зградата, но според Обвинителството, до тогаш таа веќе била доведена во тешка психичка состојба, со страв, безнадежност и чувство на целосна безизлезност.

Во обвинението се наведува и дека обвинетиот издејствувал Ивана во 2022 година да му го отстапи со договор за дар својот идеален дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со тоа што оштетената и детето требало да останат да живеат тука.

Реклама

Откако официјално стекнал сопственост над станот, обвинетиот почнал психички и физички да ја малтретира својата сопруга, што особено земало замав во 2025 година.

Поради опасност од бегство, скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје доставило и предлог за продолжување на претходно одредениот притвор за осомничениот.