Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Средби на претседателот на Европската енергетска заедница, Артур Лорковски, во РКЕ

Сет од 11 подзаконски акти, меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сет од 11 подзаконски акти, меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за тарифи и цени за разни енергии што ги регулира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се усогласени со Законот за енергетиката, во кои се транспонирани европски директиви и регулативи. Ова беше клучната тема на состанокот помеѓу регулаторите и Артур Лорковски, првиот човек на Енергетската заедница, стои во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

„Енергетскиот сектор е во фаза на брз развој, воден од регулаторни реформи, технолошки иновации и стратешки инвестиции. Транзицијата кон интегриран, транспарентен и конкурентен енергетски пазар, во кој ќе доминираат обновливите извори на енергија, напредува добро, во предвидени рокови и во согласност со европските принципи. Регулаторниот пристап, зајакнувањето на инфраструктурата и олеснување на прекуграничната размена на енергија се трите точки на кои комплементарно се работи со цел да се зајакне секторот и да се обезбеди конкурентност“, посочи Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ.

Ова е динамичен период во кој Европа се соочува со предизвиците кога енергетиката и снабдувањето со енергенти се во прашање. Токму затоа неопходно е да се продолжи со спроведување на реформите – сѐ со цел интеграција на енергетскиот пазар во единствениот пазар на Европската Унија и зголемување на конкурентноста.

Реклама

„Регулаторната независност, вклучувајќи ја и финансиската автономија, се предуслов за успешна интеграција на енергетскиот пазар. Регулаторната комисија за енергетика има клучна улога во усвојувањето на правилата кои се базираат на европските стандарди што ја овозможуваат енергетската интеграција. Ќе продолжиме да работиме заедно со РКЕ за да ја поддржиме интеграцијата на Македонија во енергетските пазари на ЕУ“, изјави Артур Лорковски, директор на Енергетската заедница.

Енергетската заедница во годишниот извештај за 2025 година нотира напредок во ефикасно усогласување на законодавството на Европската Унија во националното законодавство за интеграција на енергетските пазари.