Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Божиновска: Поголемото учество на жените во енергетскиот сектор ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции

Економиите не можат да остварат свој полн потенцијал ако половина од популацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економиите не можат да остварат свој полн потенцијал ако половина од популацијата е ограничена во можностите за учество, беше порачано на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins Running at Half Capacity: The Economic Power of Gender Equality“ на кој учестуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Настанот се одржа во хибриден формат во седиштето на ЕБОР, а го отвори претседателката на банката, Одил Рено-Басо, која нагласи дека родовите јазови директно влијаат врз продуктивноста, отпорноста и иновацискиот капацитет на економиите.

Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), министерката Божиновска во своето обраќање го поврза значењето на родовата еднаквост со зелената енергетска транзиција и додаде дека земјава се движи кон амбициозна трансформација на енергетскиот сектор – со проширување на капацитетот за соларна и ветерна енергија, модернизација на системот и создавање почист и поотпорен енергетски систем.

Реклама

-Но, оваа транзиција мора да биде праведна и инклузивна. Жените имаат клучна улога во обликувањето на оваа трансформација. Поголемо учество на жените во енергетскиот сектор – од инженери и претприемачи до политичари и извршни лидери – ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции, истакна Божиновска во обраќањето.

Министерката нагласи дека промоцијата на жените во енергетскиот сектор не е само прашање на еднаквост, туку стратегиска потреба за успехот на зелената транзиција. Тоа значи повеќе жени во технички професии, повеќе жени што водат проекти за обновлива енергија и повеќе жени што обликуваат национална енергетска политика.

-Горда сум што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е веројатно една од ретките институции во земјата каде што жените се мнозинство меѓу вработените – 78 жени наспроти 69 мажи. Во сектор кој традиционално се смета за „машки“, ова е доказ дека жените се подготвени и способни да водат, посочи Божиновска

Таа ги истакна и конкретните резултати од обуките за праведна транзиција што ги спроведе ЕБОР во земјава каде од 620 учесници, 222 беа жени што, според неа, е силен показател дека жените се повеќе присутни во работната сила за енергетската транзиција.

Прашана како институциите можат да поддржат повеќе жени лидери, министерката рече дека кога жените водат проекти, тие не само што испорачуваат резултати, туку отвораат врата за многу други да следат.

-Прво, создавајте реални патеки, не симболични можности. Второ, инвестирајте во жените од рана возраст, особено во STEM образование и технички кариери. И трето – финансирајте проекти водени од жени. Кога жените водат проекти, тие не само што испорачуваат резултати, туку отвораат врата за многу други да следат, истакна Божиновска.

Посочи дека партнерството со меѓународни институции како ЕБОР е клучно за унапредување на инклузивни климатски инвестиции.

-Нашата нова Стратегија за родова еднаквост и човечки капитал се фокусира на области каде овие јазови се највидливи и каде акцијата може да донесе промена: зелената транзиција, дигиталната економија и прашања на глас и влијание. Ако сакаме успешна и одржлива енергетска транзиција, мора да осигуриме дека жените не само што учествуваат во секторот, туку и помагаат да се води и обликува неговата иднина, рече Божиноска и подвлече дека енергетската транзиција може да достигне својот полн потенцијал само ако е инклузивна и ако жените се лидери во процесот на зелена промена.

Порача дека инвестицијата во жените не е само прашање на правичност, туку и стратегиска потреба за иднината на енергетскиот сектор.

-Кога жените водат, тие отвораат пат за многу други, а целата економија напредува, рече Божиновска.