Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насилство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат

Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за кривично дело за кое е предвидена казна затвор, беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници.

Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова рече дека над 70 отсто од докторите во државава, согласно нивна анонимна анкета од 2023 се соочиле со физичко или вербално насилство на работно место од кои 80 проценти биле изложени на вербално насилство, а 6,8 отсто на физичко насилство.

– Речиси 70 проценти од нападите воопшто не се пријавени. Напад врз здравствен работник се казнува, но за да се казни тој треба да биде пријавен. Минатата година има три пријави за насилство врз здравствени работници. Не е пријатно да се оди на работа со страв поради можност некој од никаква причина да биде непријатен во своите барања – вербално или физички. Нашиот здравствен систем не е идеален сите тоа го знаеме, но тоа не е причина некој да не нападне, да не тепа…затоа што јас сум таа која цел живот учам за да помогнам некому, што сум се посветила кон таа професија, да бидам покрај болен пациент, да ја откријам неговата дијагноза и да го лекувам колку што е можно подобро, посочи проф.д-р Гривчева Старделова.

Реклама

Појасни дека најмногу изложени на физичко или вербално насилство се здравствени работници во Ургентниот центар и во Итната медицинска помош.

– Нашите услови не се секаде во државата какви што би требало да бидат, не секаде во државата сме во доволен број, но сме тука за пациентите, правиме и невозможни работи, затоа што сакаме да помогнеме. Не треба да има насилство кон нас. Агресијата и насилството не е решение да се поправи незадоволство. Ако некој нападне здравствен работник проблемот нема да биде решен напротив само повеќе ќе се продлабочи, рече проф. д-р Гривчева Старделова.

Посочи дека таа е една од докторите изложени на физичко насилство пред многу години и дека не е повикана се уште во Јавно обвинителство. 

– Се повеќе земаат замав заканите и навредите кон нив на социјалните мрежи, потенцира проф. д-р Гривчева Старделова и додаде декадо крајот на месецов ќе повикаат и здруженија на пациенти за да направат заедничка дискусија, за да најдат заедничко решение за тоа како до побезбедна работа и живот.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека се планира во сите здравствени установи да има паник копче кое ќе се поврзе со системот и преку кое при насилство врз здравствен работник ќе може да се алармира, односно побрзо ќе се известуваат надлежните институции.

Тој рече дека за здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. Посочи дека во изминатиот период Лекарската комора има спроведено повеќе истражувања на оваа тема и податоците покажуваат дека дел од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а поголем број биле изложени на вербално насилство.

– За нас како Министерство е важно што успешно се имплементираат измените на Кривичниот законик, со кои насилството врз здравствен работник при вршење професионални работни задачи се смета за насилство кон службено лице и претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор. Тука е посебно значајна улогата на Лекарската комора, која активно го следи постапувањето на надлежните институции и предлага мерки и политики за сузбивање на насилството во здравството. Какво било насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, бидејќи станува збор за кривично дело, истакна Алиу.

Додаде дека верува оти со заеднички напори и мултидисциплинарен пристап може да се придонесе кон подигнување на свесноста во оваа област, бидејќи безбедни и задоволни здравствени работници, придонесуваат за безбедни и задоволни пациенти. 

Проф. д-р Карди Хаџихамза, член на Извршниот одбор на Комората, како психијатар предупреди на сериозноста на последиците од нападите. Посочи дека на Клиниката за психијатрија има паник копче.

– Последиците од насилството врз докторите се сериозни и вклучуваат психолошки стрес, анксиозност и прегорување, што многумина ги принудува да размислуваат за напуштање на професијата или заминување во странство, што дополнително го слабее здравствениот систем. За спречување на овие појави, неопходно е здравствените установи да воведат подобри безбедносни мерки – како обезбедување и видеонадзор, но и да се работи на подобрување на комуникацијата помеѓу докторите и пациентите и на едукација на пациентите, истакна проф. д-р Хаџихамза.