Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Струшка нефрологија го одбележува Светскиот ден на бубрезите

Здравјето на бубрезите не е одговорност само на лекарите – тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравјето на бубрезите не е одговорност само на лекарите – тоа е одговорност на целото општество. Информирањето, превенцијата и раната дијагноза можат да спасат животи и да го подобрат квалитетот на животот на милиони луѓе. Тоа го порача денеска Јетмир Зиба, директорот на Специјализираната болница за нефрологија  – Струга по повод Светскиот ден на бубрезите – 12 март, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите: Грижа за луѓето, заштита за планетата“.

Тој упати апел за редовни контроли и лабараториски иследувања, посебно за пациентите кои спаѓаат во ризичните групи, со дијабетес и хипертензија за рано откривање на болести кај бубрезите.

– Оваа болест често се нарекува „тивка“ или „подмолна“, бидејќи во многу случаи се развива без очигледни симптоми подолг временски период. Токму затоа многу луѓе ја откриваат дури кога болеста веќе напреднала. Во крајната фаза на болеста, кога бубрезите веќе не можат да ја извршуваат својата витална функција, преживувањето зависи од еден од модалитетите на бубрежна заместителна терапија, како што се: хемодијализа, перитонеална дијализа или трансплантација на бубрег, изјави Зиба.

Реклама

Во повеќе случаи, додаде, бубрежната болест е поврзана со други хронични заболувања, како дијабетес, артериска хипертензија, повторливи инфекции на бубрезите и уринарниот тракт, дебелина…

Превенцијата и грижата против бубрежните заболувања, според него, може да го забави или запре напредувањето на болеста.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на бубрезите, Специјализираната болница за нефрологија – Струга, реализираше низа активности за подигање на свеста кај граѓаните за здравјето на бубрезите. Објектот беше осветлен 24 часа, како симбол на подигнување на свеста и поддршка, а денеска низ градското шеталиште граѓаните ќе имаат можност да слушнат совети и препораки од лекарите, ќе се мери крвен притисок и шеќер и ќе бидат поделени едукативни флаери. Пациентите што одат на хемодијализа во дворот на Болницата ќе засадат дрвца, а на оние кои повеќе од 30 години одат на дијализа им биде врачена благодарница како гест на поддршка и благодарност за довербата што кон институцијата. Во оваа Здравствена установа над 100 пациенти редовно одат на хемодијализа.