Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Економија

Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата

Енергетската ефикасност беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетската ефикасност беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР предводена од претставникот на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева.

Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), главниот акцент на средбата беше ставен на реализацијата на енергетската ефикасност кај јавни објекти во државава, што ќе придонесе кон стабилен и одржлив енергетски систем.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството во однос на поскора реализација на обврските според коишто, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 проценти од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција.

Реклама

МЕРМС, како што нагласи министерката Божиновска, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

-Реализацијата на енергетската ефикасност претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, подобри услови во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови– со директни придобивки за граѓаните и државата, се посочува во соопштението од МЕРМС.вј/са/

Фото: МЕРМС Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини МЕРМС)