Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка

Во организација на Министерство за локална самоуправа и програмата  СИГМА, се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Министерство за локална самоуправа и програмата  СИГМА, се одржа практична работилница на тема „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, на која учествуваа претставници на општините, институциите и домашни и меѓународни експерти.

На отворањето на работилницата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, се обратија министерот за локална самоуправа Златко Перински, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, како и Баграт Тунјан, државен менаџер за Република Северна Македонија, раководител на тимот за стратешко планирање, развој на политики, OECD/SIGMA.

-Меѓуопштинската соработка е клучната алатка за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, особено во насока на поефикасно обезбедување јавни услуги и решавање на заедничките предизвици меѓу општините, во своето обраќање нагласи Перински.

Реклама

Тој додаде дека Министерството за локална самоуправа има централна улога во следењето и поттикнувањето на одржлив локален и регионален развој како и во развојот, следењето и унапредувањето на меѓуопштинската соработка во државата.

Работилницата е организирана да обезбеди платформа за заедничка дискусија меѓу претставниците на локалната самоуправа, национални и меѓународни експерти за начините за зајакнување на меѓуопштинската соработка, со цел да се соберат мислења и предлози од различни перспективи и да се даде придонес кон идните реформски политики во оваа област.

-Доколку сакаме општините целосно да ги искористат европските фондови – и претпристапните и идните структурни фондови – мора да ги зајакнеме административните капацитети и механизмите за соработка на локално ниво. Европската Унија не финансира фрагментација. Таа финансира подготвеност, координација и одржливост, посочи министерот Сали.

Фокусот на сесиите, како што се наведува во соопштението, беше ставен на развој на нови и унапредени механизми и политики за зајакнување на меѓуопштинската соработка, анализа на добри практики од национално и меѓународно ниво, како и разгледување на можни измени и дополнувања на правната рамка, врз основа на досегашните искуства и идентификуваните предизвици.

-Токму меѓуопштинската соработка е идентификувана како инструмент за надминување на регионалните и меѓуопштинските разлики, преку искористување на целосниот потенцијал на човечкиот капитал и на ресурсите на микро – регионално ниво, регионално ниво но и прекугранично, во контекст на ЕУ политиките за територијална кохезија,  потенцираше генералниот секретар на Владата Јанушев.

Тој додаде како Влада ги поздравуваат сериозните напори на Министерството за локална самоуправа и другите клучни министерства и засегнати институции во областа, континуирано и посветено да работат за интегрирање на реформски чекори со креирање и спроведување на информирани и одржливи политики во областа на меѓуопштинската соработка.

Во рамки на работилницата, Јулијана Павковска Боцевска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, имаше презентација на активностите на Министерството насочени кон зајакнување на меѓуопштинската соработка.

-Отпочнувањето на процес за унапредување на законското решение кое ја уредува меѓуопштинска соработка е уште еден од низата чекори кои МЛС ги презема во насока на зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, постигнување на локален одржлив развој и унапредување на децентрализацијата, нагласи Павковска Боцевска.

Според неа искуствата од бројни европски земји покажуваат дека преку здружување на капацитетите, општините можат полесно да обезбедат услуги како управување со отпад, урбанистичко планирање, противпожарна заштита, инспекциски служби или техничка администрација.