Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Изречени 37 мерки за прекршоци при контрола на возачи на товарни моторни возила во државата

Изречени биле 37 мерки за прекршоци при акциска контрола на возачи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изречени биле 37 мерки за прекршоци при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила на територија на целата држава, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во периодот од девет до 14 часот, на подрачја на повеќе сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци, информираа од МВР.

Од нив, 12 мерки се однесувале на возачи на товарни моторни возила поради претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка за задолжителна опрема во возило, една мерка за технички неисправно возило и 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци.

Реклама

– Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување, можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додадоа од МВР.