Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Николоски: Растот на градежништвото сигурност и поттик за идни инвестиции 

Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период,  оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржува денеска во Владата.

Според него, податоците за растот на градежништвото од 21 процент во третиот квартал и од 14,6 проценти во четвртиот квартал лани се фантастични бројки како резултат на, како што рече, тоа што приватниот сектор се охрабри да инвестира заради поволните каматни стапки преку кредитните линии од Унгарија,  вложувањата во општините кои претежно со дотации од Владата почнаа многу инфраструктурни проекти, како и големите инфраструктурни проекти на државата.  

Се работи, посочи вицепремиерот, на неколку инфраструктурни проекти како изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проект што беше заборавен и не постоеше пред изборот на оваа Влада, во тек на 2024 година се правеа подготовки и сега ставени се во функција 34 километри од изградени 37, а останува да се изградат уште 20.  Исто така и на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, кои, потенцираше, ги почна оваа оваа влада, иако договорот беше потпишан во 2023 година но воопшто не беше почната експропријација. Се градат интензивно и пробиени се над 50 проценти од трасите. На тоа се надоврзуават  и инвестиците во железницата од кои веќе се гради првата фаза од Градски воз кој се очекува да биде завршен до јуни годинава, наведе Николоски. 

Реклама

Ги посочи и заедничките проекти со МЗШВ, како што е вештачко езеро кај Гевгелија, и браната Отиња во Штип каде рече дека има одличен прогрес.  

– Сите овие проекти заедно со приватните и инвестициите од општините придонесуваат да имаме вакви сериозни двоцифрени бројки во градежништвото и очекувам да продолжат и во текот на годинава. Особено охрабрува што напредуваат домашните компании и сфатија дека треба да го фатат чекорот во однос на овие инвестиции, рече Николоски.