Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“

Судот денеска одлучи да не ги спои тековната судска постапка и новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот денеска одлучи да не ги спои тековната судска постапка и новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, поднесен на 30 јануари годинава, со образложение дека евентуалното спојување би довело до одолговлекување на сите постапки.  

Судијката Дијана Груевска Илиевски оцени дека имајќи ја предвид фазата на доказна постапка и фактот што ОЈО ГОКК има поднесено уште три постапки со вкупно 25 обвинети, од кои едната е во завршна фаза, спојувањето би било спротивно на начелото на економичност и обврската судот да постапува без непотребно одолговлекување, во интерес на обвинетите.  

– Со оглед дека освен тимот од 15 обвинители што постапуваат по овој предмет би било потребно и присуство на дополнителни обвинители од ОЈО ГОКК – изјави судијката. 

Реклама

Бранителот на обвинетиот Шефкет Хазари, адвокатот Петре Шилегов, реагираше дека, бидејќи Судот донел посебно решение без да изврши увид во доказите за другите предмети, не е можно да се знае во која фаза се тие постапки. Тој нагласи дека така се задира во начелото на законитост на постапката, затоа што одбраната нема пристап до доказите што обвинителството ги користи парцијално.  

– Не значи дека имаме две стварно надлежни обвинителства во државата. Не ми е јасно како внатрешна организација да биде пречка за законитост на постапката. Затоа барам да се обезбеди увид во тие докази. Одбраната моментално нема увид во сите докази кои обвинителството парцијално ги применува во различни постапки – изјави Шилегов.  

Судот информираше дека не извршил директен увид, но дека телефонски разговарал со одделенијата за да се информира до каде се постапките, по што ја донел одлуката.  

Застапниците на обвинителниот акт посочија дека не се надлежни да се произнесат по барањето за спојување, бидејќи обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тие истакнаа дека „зачудува барањето на одбраната за спојување на постапката, со оглед на тоа што истата одбрана претходно приговараше за обемноста на предметот и бројот на обвинети“.  

Во предлогот за спојување, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, наведе дека полициските службеници се обвинуваат како соизвршители за истиот кривично-правен настан и истото кривично дело како лицата против кои веќе се води постапка. Таа истакна дека одвоеното водење на предметите може да доведе до различни судски заклучоци за фактичката состојба.  

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта меѓу 16 и 17 март минатата година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, а постапката се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители, а судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.