Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март 2026 година седниците во живо пред граѓаните

Уставниот суд започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење.

Од 4 март, за првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на YouTube и Facebook.

Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: (https://www.youtube.com/watch?v=vOjp-gcskNA )

Реклама

Со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните.

Секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок. 

Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите, реализирана низ неколку развојни фази:

-Активна транспарентност и континуирано известување до јавноста за сите предмети во секоја фаза од постапката;

-Воспоставување активно присуство на социјалните мрежи со можност за директна интеракција со граѓаните;

-Следење на информациите во јавноста поврзани со Судот и навремено реагирање и информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес;

-Техничка модернизација и обезбедување опрема за дигитално работење и снимање,

-Организирање можност преку веб-страницата за директно електронско обраќање до претседателот

-Организирање средби помеѓу претседателот и граѓани секој прв четврток од месецот, почнувајќи од 5 март 2026 година

Одлуката за воведување на пренос во живо од седниците е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав на Судот, водена од императивот за транспарентно, отчетно и отворено институционално работење.

Крајната цел на оваа реформа е зајакнување на довербата на граѓаните во правната држава како и приближување на граѓаните до надлежностите на Судот, преку директен увид во работата на највисоката уставно-судска институција.

Со оваа новина, Уставниот суд не само што поставува нови стандарди за сопственото работење, туку се позиционира како најтранспарентен суд и една од најотворените институции во државата, со идеја да ги поттикне и останатите органи на власта кои се стремат кон поголема јавност и отчетност.