Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и на европската безбедност 

Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување беа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување беа во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската Унија, Магнус Брунер.

На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.

– На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската Унија нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од реформската агенда – соопшти МВР.

Реклама

Беше констатирано, се нагласува во соопштението, дека партнерството со институциите на Европската Унија има клучна улога во унапредувањето на националната и на европската безбедност, при што беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период.