Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прилози

Малолетниците лесно до цигари: загрижувачки раст на бројот на тинејџери кои пушат

Никотинот ги освојува младите. Повеќе од 70 проценти од учениците кои пушат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никотинот ги освојува младите. Повеќе од 70 проценти од учениците кои пушат во Македонија никогаш не биле спречени да купат цигари поради возраста. Институтот за Јавно здравје направи истражување кај децата од 13 до 15 години кое покажа загрижувачки резултати. Десет проценти од нив користат електронски цигари – повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Дури 57 проценти од адолесцентите се изложени на тутунски чад во сопствениот дом, а 55,4 проценти во затворени јавни простории. Истражувањето е спроведено во 75 училишта, а анкетирани се речиси 5.000 ученици. Министерот Азир Алиу се надева дека со примената на новиот закон за заштита од пушење ќе се нормализира состојбата. Ќе се намали бројката на пушачи, а со тоа ќе имаме и поздрава нација.

Докторите од ИЈЗ велат дека проблемот не е само активното пушење. Пасивниот чад, агресивниот маркетинг и лесната достапност за малолетници создаваат генерација изложена на ризик.

Од СЗО откриваат загрижувачки податок дека глобално 14.000 деца на возраст од 13 до 15 години во моментов пушат тутун. Од таму велат дека предизвикот во Македонија е што тутунот е насекаде – лесно достапен и видлив. Решението го гледаат во новиот предлог закон за забрана на пушењето..

Реклама

Примената на законот за пушење ќе се одвива етапно. Здравствените власти ќе им дадат една година време на угостителите за да можат да ги адаптираат терасите согласно новиот предлог закон. Наместо овие објекти да бидат отворени од 3 страни компромисот е да бидат отворени од најмалку 2 страни, а во затворените простории да не се пушат ниту електронски цигари.