Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања. 

Целта, посочи министерот, е поддршката од државата да заврши кај вистинските земјоделци.

Трипуновски ги претстави новитетите во програмата посочувајќи дека има зголемување на минималните прифатливи прагови за користење  на земјоделски субвенции. 

Реклама

Поткревањето на праговите нема да се случи веднаш во првата година од воведувањето на Програмата, туку во наредните две години, направена е посебна мерка во Програмата  и сите корисници кои не ги исполнуваат праговите ќе имаат период од максимум две години да  ги исполнат и да влезат во повисока категорија, рече Трипуновски.

Со тоа, дополни, паѓа во вода манипулацијата на опозицијата дека ќе се намалат субвенциите за малите корисници и дека ќе останат без финансиска поддршка.