Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе се обратат на завршниот настан на проектот „ЕУ-поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во Македонија“.
На настанот, што ќе се одржи во Министерството за дигитална трансформација, ќе бидат презентирани реализираните сајбер-безбедносни реформи, ќе биде истакната поддршката од Европската Унија и ќе се претстават идните насоки на соработка, вклучително и придонесот на програмата Cyber Balkans.
Проектот се реализира во соработка со Делегацијата на ЕУ во земјата и со e-Governance Academy (eGA) во рамките на програмата на ЕУ за Cyber Balkans.

По воведните обраќања, министерот Андоновски и евроамбасадорот Рокас ќе извршат увид во подготовката на MKD GOV SСIRT.
