Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува намалување на платите до 13.000 денари. Пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Македонија и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Македонија. 

Со овие закони, како што образложи претходно денеска еден од предлагачите на законските измени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, се воспоставуваат реални висини на платите. Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Уставот и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.

– Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд. Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец: за пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари – рече Стојаноски.

Реклама

Во вечерашново продолжение зборуваше само пратеникот Скендер Реџепи кој рече дека во земјава има лоши услови за живот, а Владата, како што рече, ставила во план за себе да обезбеди нов авион вреден 100 милиони евра. Според него, популизам е намалувањето на платата на пратениците.  Предложи онолку колку што ќе се намали платата на пратениците за толку да се зголеми платата на граѓаните. 

На 89. седница без расправа беа донесени и измените на Законот за ветеринарно здравство и измените на Законот за идентификација и регистрација на животните.

Со 64 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржан беше донесен Предлог- законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево-Охрид.