Младите во акција за трансформација на онлајн омразата. Сојуз на извидници на Македонија, во соработка со UNICEF и со поддршка од Фондација Телеком за Македонија, организира серија настани на кои отворено се зборува за проблемите со кои се соочуваат младите во светот на интернетот, но и за тоа како да се променат работите.
Денеска се одржа настан на кој присуствуваа и министрите Јаневска и Андоновски и директно разговараа со младите луѓе.
