Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Светски ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик не е само речник и правопис – тој е идентитет во секоја смисла

Да го унапредуваме македонскиот јазик, како во образованието, во науката, така и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да го унапредуваме македонскиот јазик, како во образованието, во науката, така и во дигиталниот простор и истиот да го развиваме да биде во чекор со современиот свет. Во институтот за македонски јазик, Крсте Петков Мисирков на денот на одбележување на мајчиниот јазик, голем број професори, научници, упатија пораки за зачувување и негување на македонскиот јазик. Претседателката Сиљановска Давкова порача дека македонскиот јазикот е единствениот мост кој не води напред, и дека ги носи искуствата на сите миниати генерации и стремежите на оние кои ќе дојдат по нас.

„Мора постојано да се потсетуваме дека јазикот е темелот на идентитетот на чуварот на  колективната меморија  и единствениот мост кој не води напред во иднината“, изјави Гордана Сиљановска Давкова – претседател на Македонија.

„Треба да се потсетуваме не само на формите што ги носи јазикот туку  и на суштината на таа есенција која ни ја носи јазикот. Пред се јазикот и после се друго“, изјави глумецот Никола Ристановски.

Реклама

Директорката на Институтот, цитирајќи го Ноам Чомски, порача дека мајчиниот јазик е првиот прозорец кон светот.

„Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, цела историја која го прикажува општеството какво што е. Нашата задача е да го проучуваме и негуваме македонскиот јазик како мајчин и службен во македонската држава, но, истовремено да ги почитуваме нашите сограѓани и соседи од другите заедници во нивните стремежи за негување на своите мајчини јазици“, изјави Елена Јованова Грујовска. 

Професорот и автор на првиот македонски етимолошки речник, Гоце Цветановски, потсети дека прашањето за јазикот не е само лингвистичко прашање туку и прашање на достоинство, идентитет и право на постоење.

„Мајчиниот јазик не може да се сведе само на една административна категорија тој е културна и духовна категорија, тој е јазикот во кој се оформува нашата прва мисла, првата приказна првата молитва“, професор доктор Гоце Цветановски научен советник во Институтот за македонски јазик.

Историски, македонскиот јазик постои со векови. Со решение на Народната влада на Федерална Македонија, на 5 мај 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик.