Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски: Штом стигнат мислењата од Советот на ЈО, ќе го избереме нашиот предлог и ќе го пратиме до Собрание

Владата ќе одлучува кој од трите обвинителки и судијата од Кривичен ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе одлучува кој од трите обвинителки и судијата од Кривичен ќе биде нов државен јавен обвинител. Позитивните мислења кои ги даде Советот на јавните обвинители ги чекаат официјално, а потоа еден од нив ќе оди како владин предлог до Собранието, потврди премиерот.

  • „Чекаме да дојдат мислењата од Советот на ЈО, откако ќе дојдат официјално, ние како Влада ќе се произнесеме и ќе го дадаме нашиот предлог до Собранието“ најави Христијан Мицкоски.

В.Д. државната јавна обвинителка Анита Тополова Ислајловска, обвинителките Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ како и судијата Ненад Савески добија зелен картон за да ја продолжат трката за прв човек на јавното обвинителство.

Сите четворица кандидати според Советот се квалитетни и треба да добијат еднаква шанса пред Владата за да станат републички обвинител.

Реклама

Од игра отпадна Владимир Панчевски кој според членовите не го исполнува условот од 10 години непрекинат работен однос или „активен“ и „непрекинат“ стаж до моментот на пријавување. Тој пак ја објави потврдата од Кривичниот суд дека од 2008 до 2020 година има непрекинат работен стаж и смета дека законот бара само поседување на соодветниот стаж како стекнато право.

По ваквата одлука тој преку социјалните меидуми првично најави кривична пријава за членовите, а потоа побара институциите да постапат по добрен глас.

  • „Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем“ напиша Владимир Панчевски – поранешен судија.

Панчевски во минатото беше осуден на три ипол годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластувања поради злоупотреби со АКМИС системот, односно електронскиот систем за распределба на предмети кај судии.

Владата сега треба да се одлучи за еден од четворицата кандидати, а потоа предлогот да го достави до Собранието. Нов јавен обвинител се бира со поддршка од 61 пратеник.