Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Продолжуваат протестите против изградбата на хидроцентрала на реката Блатешница

Нова средба со претставници од министерствата за енергетика и транспорт и врски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова средба со претставници од министерствата за енергетика и транспорт и врски е закажана за во четврток, откако денешните разговори не донесоа конкретни решенија за стопирање на изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница, во виничко Блаце. Мештаните бараат да се стопира проектот бидејќи трасата на цевководот минува низ главниот водовод на селото и директно го загрозува водоснабдувањето и земјоделието. Според градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, барањата на жителите на Блатец се оправдани.

„Конкретни решенија моментално немаме, па затоа жителите продолжуваат со протестите, меѓутоа на повидок сме да имаме брзо решение. Според информации од жителите на селото, целата траса на концесионерите минува низ главниот водовод на селото од кое се снабдуваат со вода за пиење“, изјави градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски.

И додека се бара начин проблемот да се реши институционално, на терен протестите продолжуваат. Веќе трет ден со рампа и жив штит жителите не дозволуваат движење на градежна механизација кон локацијата, стравувајќи од еколошки последици и нов бран иселување. За во петок најавуваат блокада на магистралниот пат Виница–Берово.