Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ДКСК го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025 и ја избра Софија Спасова-Медарска за заменик-претседателка

Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска, на 27. седница, го усвои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска, на 27. седница, го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси потребно е унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот. 

Претседателот на ДКСК,  Адем Чучуљ, сумирајќи ги наодите во извештајот, посочи дека иако постојат основни механизми за финаниско известивање и јавна отчетност, нивната ефикасност не е доволна поради правилата, кои се дизајнирани, особено во однос на локланите избори, кои се одржуваат во два круга, со голем број учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување подобри решенија.

Чучуљ истакна дека моделот на финасирање останува домнантно зависен од јавните средства, како и од внатрешнопартиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти. 

Реклама

ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена инцијатива, кои се однесваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи потсапувањето е во тек.

Во однос на регистерот на службените возила на државните органи, Чучуљ реке дека од 1.514 институции, оваа обврска била исполнета од 635 институции, кои доставиле податоци, а 879 не доставиле податоци. 

Вкупните приходи од финансирањето изборна кампања биле приближно 569 милиони денари, при што наголемиот дел – 46,7 отсто се од средствата за платено политичко рекламирање, а потоа следуваат донации од правни, физични лица…Трошоците за кампањата изнесувале речиси 301 милион денари, а најголемиот дел од средставата бил насочен кон рекламирање и пропаганда – 76 отсто, за одржување предизборни митинзи и собири се потрошени 8,3 отсто, за стручни услуги и истражувања 7,3 отсто, за транспорт и логистика 4,4 проценти, за репрезентација 1,8 отсто, за изнајмување простор 1,4 отсто.  

Чучуљ посочи дека извештајот ќе биде доставен до Собранието, а од понеделник ќе биде објавен и на веб-страницата на ДКСК. 

На денешната седница Софија Спасова-Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК во следните шест месеци.