Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Прилози

Костадиновски контра Ахмети: Ако има Бадентер во Уставен, слободно можеме да го затвориме судот

Ако случајно се прифати нелогичното барање на ДУИ за Бадентер во Уставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако случајно се прифати нелогичното барање на ДУИ за Бадентер во Уставниот суд, тоа целосно ќе ја сруши оваа институција. Според првиот уставен судија, Дарко Костадиновски, ако се прифати она што го бара партијата на Али Ахмети, слободно може да се стави клуч на судот кој ја штити уставноста, законитоста и ја гарантира примената на Уставот како највисок правен акт во државата.

Костадиновски смета дека Бандетерот може да е корисен за Собранието, каде што се носат законите, но е недозволив како во Уставен, така во Судскиот совет, бидејќи со таков институт, нема да преовладува правото, туку друг тип на расудување, кој може само да го сруши правниот систем.

-Доколку се примени бадентер, тоа ќе значи дека не правни, туку друг тип на расудувања ќе одлучуваат за уставноста и законитоста и за слободите и правата на човекот и граѓаните. Такво нешто не постои никаде во светот. Ако такво нешто се случи, подобро е на оваа институција да се стави клуч и нема потреба од постоење на оваа институција, ако такво нешто се предвиди тука, изјави Костадиновски.

Реклама

Според најавите наскоро Уставниот суд би требало да се комплетира. Во текот на утрешниот ден се очекува на дневен ред во Собранието да биде можниот избор на универзитетскиот професор од Правниот факултет Јустинијан први, Гоце Наумовски, за нов уставен судија. Костадиновски вели дека веднаш штом се комплетира целиот состав на судии, ќе продолжи да се работи по сите предмети, меѓу кои и еден од главните, законот за употреба на јазиците.

-Го знаете мојот став нема сензитивни, помалку сензитивни и повеќе сензитивни предмети. Сензитивноста не исчезнува со протокот на времето. Било кој предмет ако е сензитивен денес, ќе биде сензитивен и во 2035-та година, ќе биде сензитивен и во 2050-та. Наша работа е да ја вратиме довербата на граѓаните во владеењето на правото и во правната држава, и за мене не постојат сензитивни, помалку сензитивни, ќе се постапува по сите предмети, изјави Костадиновски.

Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев склучија Меморандум за соработка, кој треба да помогне во идното делување на стручните служби во Уставен. Задоволство од најновата соработка изразија и Костадиновски и директорката на Академијата, Ирена Трајкоска Стрезоски.

Матеја Петровски