Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мираковски: Се прави внатрешна анализа на факултетите за новиот Закон за високо образование

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека во моментов се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека во моментов се спроведуваат внатрешни постапки во рамките на факултетите за детална анализа на сите аспекти на новиот Предлог – Закон за високо образование. Утре е предвиден колегиум на кој, како што посочува Мираковски, ќе се презентираат забелешките, по што ќе се формира Комисија која ќе ги сублимира ставовите на Универзитетот.

-Во моментов имаме внатрешни постапки во рамките на факултетите за анализирање на сите аспекти на Законот за високо образование, а утре имаме колегиум на којшто ќе се презентираат, изјави денеска Мираковски,  одговорајќи на новинарско прашање дали како Универзитет имаат забелешки на новиот Предлог Закон за високо образование.

Тој истакна дека откако ќе се изнесат забелешките за новиот Закон ќе се формира Комисија, којашто треба да ги сублимира. 

Реклама

-Не би сакал пред време да коментирам нешто. За нас е важно да имаме Закон кој што ќе овозможи развој и на високото образование и да го вратиме местото и поврзаноста на високото образование со реалниот сектор, со општеството. Сигурен сум дека и во тој правец ќе бидат ставовите на Универзитетот. Меѓутоа јас лично не би сакал да давам надвор од ова коментари, додека не заврши процесот на консултации-изјави Мираковски.

Прашан дали, новиот Закон за високо образование ќе даде можност за едукација на младите кои полесно и побрзо ќе влезат во реалниот сектор, како и за побрзо и полесно вработување на кадар и на самите универзитети во земјата, Мираковски со одговор дека во моментов се прават анализите од сите аспекти и тоа од начинот на предување во високообразовните институции до можноста за вработување на факултетите.

Мираковски вели дека во новиот Закон има позитивни работи кои се за поздравување, но додека не завршат анализите не сака да коментира, бидејќи ја нема целосната слика и кои се забелешките на научната фела.